Овие жени се успешни во областа на музиката и филмот. Вишокот килограми не им претставуваат комплек и пречка во работата. Тие се препознатливи во својот изглед и гордо се носат со тоа.
Запознајте ги најзгодните полнички жени од светскиот шоу бизнис:
АДЕЛ
Славната британска пејачка со својот ангелски глас заслужено се наоѓа на оваа листа.
ЕЈМИ ШУМЕР
Американската актерка и комичарка се најде на оваа листа на успешни жени. Таа се стекна со популарност со улогата во филмот “Trainwreck“.
МАРАЈА КЕРИ
Пејачката Мараја Кери никогаш не криела дека мака мачи со вишокот килограми. Таа призна дека во текот на бременоста се здебелила дури 30 килограми.
РЕБЕЛ ВИЛСОН
Таа е успешна пејачка, актерка и писателка. Реши воопшто да не се покори на холивудските стандарди, па затоа и наскоро ќе има своја линија на облека во САД.
МЕЛИСА МАКАРТИ
Мелиса е позната комичарка која спаѓа во редот на жените кои ги промени холивудските стандарди. Нејзиниот талент ја доведе до номинација за Оскар за улогата во филмот “Bridesmaids“.