Актерот ја замолил сопругата да му даде уште една шанса, а таа се согласила и повторно живеат заедно во нивниот дом во Њујорк.
Се чини дека на паузата и дојде крај. Славната двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас се смири. Откако пред два месеци по 13 години брак, во кој ги добија синот Дилан и ќерката Карис, тие решија да се разделат за да размислат што да прават понатаму. Сега двојката повторно живее заедно во нивниот дом во Њујорк од кој Мајкл се исели.
Цело време додека беа разделени Мајк зборуваше дека ќе го спасат нивниот брак, а на доделувањето на наградите Emmy примајќи ја наградата изјави дека и заблагодарува на сопругата за поддршката.
„Мајкл ја замоли Кетрин да си пружат шанса еден на друг, а таа се согласи. Тука не се работи само за децата. Ова е добра вест, Кетрин е пресреќна“, изјавил анонимен извор.