Сите знаеме колку е силна поврзаноста помеѓу чистотата на телото и чистотата на нашите мисли. Овие вечни законитости ги следат од древни времиња тибетските мудреци, за кои долготрајноста на живот, можеби воопшто не е случаен факт. Затоа ајде да се обидеме да ги почитуваме нивните 7 правила за чистота:
1. „Чисти раце“ – тоа не значи само редовно да ги миеме рацете, туку и да бидеме искрени и великодушни. Никогаш не крадете, не земајте странски предмети и донирајте барем малку од она што го имате.
2. „Исчистете ги ушите“ – освен буквалното значење на правилото, обидувајте се да не слушате луѓе кои се лути и мали, во смисла на површни. Заштитете го слухот од вулгарности, озборувања и празни приказни кои ја спречуваат душевната хармонија.
3. „Измијте ги очите“ – Секое утро и секоја вечер со ладна вода. Освен тоа исчистете го погледот од омраза, гнев, завист и страст.
4. „Чиста уста“ – како своевиден влез кон нашето тело, усната шуплина и забите треба да бидат совршено чисти. Тоа значи да избегнуваме да изговораме вулгарности, клевети и потсмев или како што ние велиме – „молчењето е злато“.
5. „Чувајте ги чисти, телото и облеката“ – не ја потценувајте личната хигиена како главен фактор на здравјето. Телото е свет дом на нашата душа, па одржувајте го грижливо.
6. „Чистота на мислата” – отстранете ги од умот негативните и песимистички мисли. Неверојатно, но речиси веднаш ќе забележите позитивни промени како во здравствената состојба, така и во секојдневниот живот.
7. „Чисто срце и душа” – Не ги игнорирајте чувствата и емоциите. Не заборавајте дека умот може и да те измами, но срцето – никогаш! Освен тоа е докажано дека голем процент од туморските заболувања се јавуваат поради емоционални, а не физички проблеми, па и последното правило не е за потценување.