Guardians of Naturе – I love hiking group ве повикуваат на четврточна дружба на Водно.
Дечките од иницијативата #ПочниСоВодно секој четврток после работа одат малку да се рекреираат на Водно. Доброто кај нив е и што сакаат да се дружат, и да, повикани сте на следната четврточна дружба.
Нивната иницијатива е создадена за „сите оние кои сакаат да се дружат, да ја подигнат својата форма, да изгубат по некое килце и да влезат во ‘другиот свет’“ со нив. Тие нудат една поинаква афтерворк забава на која запознавате нови луѓе, добивате корисни совети за вашата исхрана и за подобрување на физичката кондиција, како и насоки за сите следни тури.
“Тренингот по Водно се познава” e нивното мото.
„Не седете и не чекајте тура погодна за вас. Дојдете, влезете во добра форма и подгответе се за секоја убава тура која следува на нашите планини, но и на планините надвор од државава.
Започни со Водно! Стартувај и не застанувај!“
Сѐ што треба да направите е да се појавите во 18:00 часот ПРЕД Кочо Рацин. Понесете си ранец со 1л вода, шушкавец или тенка јакна, и горен дел (маица/блуза) за да се пресоблечете кога ќе стигнете на врвот. Телефоните обавезно да ви бидат полни, за да имате добра фотка, нормално. Пожелна е и челна ламба или какво било светло кое ќе ви го осветлува патот. За сѐ друго ќе се погрижат тие.
Патем, ова ќе трае сé додека е убаво времето, барем до почетокот на есенските дождови.
За тоа како треба да се однесувате во групата, читнете на страната на евентот.
Во соработка со I love hiking – group Macedonia