Throttle/Brake – епизода 6: Koenigsegg – Од пасија и визија до супериорен хипер автомобил

Image-1

Изминатиов период сите погледи на авто ентузијастите и светската авто сцена, беа вперени кон сега веќе четири автомобили, Ferrari LaFerrari, Mclaren P1, Porsche 918 и Bugatti Chiron. Да, до некаде се согласувам, сите сакаа да видат наследник на според мене совршениот Mclaren F1, ново Enzo, конечно вистински хипер автомобил од фабриката во Штутгарт и секако наследникот на Veyron. Но како помалку сите да се себични и опиени од фамата на гигантите. Во последните дваесет години на тронот топ хипер автомобил се најдоа уникатни автомобили како што е Mclaren F1, Buggatti EB 111 Super Sport, Ferrari Enzo и најбрзиот сериски автомобил Buggatti Veyron. Но сите овие години една мала фабрика од Шведска, произведува исклучителни хипер автомобили во секоја смисла на зборот. Тоа е Koenigsegg. Можеби името Кристијан Фон Коенигсег не Ви значи ништо, но тоа е човекот кој стои позади повеќе од десет хипер автомобили. Под негова диригентска палка, за дваесетина години се произведени повеќе хипер автомобили, отколку сите конкуренти и претенденти за тронот (ultimate hypercar) имаат произведено заедно.

Image-2

Сé започнува во не толку далечната 1994 година. Кристијан Фон Коенигсег, следејќи го својот сон и пасија, лансира свој автомобилски бренд и мала фабрика. Визијата и целта се едноставни, да се направи совршен супер автомобил. И направија, можеби не совршен, но најмоќен, најбрз, прв зелен или најеколошки хипер автомобил, и автомобил со убедливо најбрутално забрзување до 300 км/ч, а исто така и запирање од 300 до нула. Но да одиме хронолошки.

По неколку неуспешни обиди и разочарувања, во 1997 година, на филмскиот фестивал во Кан, Кристијан го прикажува концепт моделот Koenigsegg CC prototype и го краде големото шоу. Токму таму ги прави своите први големи контакти, кои ќе му служат како одскочна даска, да го искомерцијализира својот сон.

Во 2002 година моделот CC8S, влегува во Гинисовата книга на рекорди како најмоќен сериски автомобил, а пак популарниот Џереми Кларксон го именува како негов омилен хипер автомобил.

Во 2005 година моделот CCR станува најбрзиот сериски автомобил во светот (388км/ч), соборувајќи го девет години стариот рекорд на Mclaren F1. Во 2006 година, Stig од Top Gear, поставува рекорд на нивната патека, со време кое не е соборено цели две години подоцна.

Во 2011 Koenigsegg Agera R забрзува од место до 300 км/ч за 14,53 секунди и поставува светски рекорд.

Image-3

Koenigsegg One:1 Поставува нов рекорд во забрзување од нула до 300 км/ч 11,92 секунди, што е за 4 секунди побрзо од LaFerrari, и од 300 -0 за само 6,03 секунди. Моторот е горе долу истиот како кај Agera, 5.0 V8, засилен со твин турбо со променлива геометрија. И така сите компоненти заедно испорачуваат неверојатни 1340 коњски сили, а масата на автомобилот е само 1340 килограми. Сега ви текнува од каде е името One:1, совршен сооднос еден наспрема еден. И да најважното… Од место до 400 км/ч за 20 секунди и од 400 до нула за 10 секунди. Мислам дека секој опис, коментар понатака е излишен. Цената е 2.850.000 евра и до сега се направени седум автомобили, се разбира рачно.

Image-4

За максималната брзина на Koenigsegg One:1 има доста полемика, бидејќи се уште нема официјален податок,но мое мислење е дека One:1, е моментално најбрзиот легален автомобил во светот.

Image-5

Која е тајната и филозофијата на Koenigsegg? Нивната филозофија се перформансите. Секој детал на автомобилот е направен и вклопен така што би имал функција да придонесува во подобрување на перформансите. Нема дел на автомобилот кој нема функција. Од сурови материјали, вработени, софтвер, алатки, до местото и поставеноста на фабриката, се е во корист на една цел, перформанси.
Секој Koenigsegg автомобил е рачно направен од специјално изработени јаглеродни влакна (carbon fiber) и легура на алуминиум (honey comb aluminum) што го прави автомобилот исклучително лесен, но и безбеден. Секој автомобил има своја уникатна цена која се движи некаде од 800.000 до 3.000.000 долари. Неодамна на саемот во Женева, тие ја претставија Regera, што на Шведски значи “да владее”. Уникатен автомобил кој е револуционерно и технолошко достигнување и за кој допрва ќе се зборува.

Image-7 Image-8

После One:1, ова е најновата гордост на Кристијан Фон Коенигсег. Има и зошто. Со технологија која гледа длабоко во иднината, мислам дека ќе ги засени и новиот Buggatti и триото LaFerrari, P1 и 918 Spyder па дури и уникатната Huayra BC. Автомобил кој нема брзини, кој има Free valve технологија. Автомобил со 1500 плус коњски сили, со неверојатно забрзување и првиот хибриден автомобил со 1 мегават сила во него. Неверојатен, преубав дизајн одвнатре и однадвор. Hats of Koenigsegg.

Да почнеме од моторот, кој целосно е развиен и произведен од Koenigsegg. Тој е 5.0 литарски твин турбо, со осум цилиндри и три електро мотори. Силата која ја произведува моторот е 1115 коњски сили, а трите екектро мотори даваат уште 707 коњски сили плус. Но, поради неможноста да трите електро мотори бидат во полна функција цело време или во секое време координирани со моторот, силата е некаде околу 1500+ коњски сили во секое време, и влечна сила од над 2000 Nm. Ако се земат впредвид овие фасцинантни бројки плус  масата на Regera која изнесува само 1420 килограми, не е ни чудно што Regera е најбрзиот автомобил во светот од место до 400 километри на час забрзувајки за само 20 секунди. Максималната брзина е 410 километри на час, само десет километри помалку од Chiron. Но според зборовите на Кристијан Фон Коенигсег, автомобилот со други подесување може да оди и повеќе, но неговата филозофија е да ги достигне тие 410 км/ч што побргу. Koenigsegg Direct Drive е всушност менувач кој има само една брзина, но има и опција down shift, што му дава на автомобилот експлозивна сила и забрзување. Тоа е нешто во овој стил: Си возите лагано во седма брзина, во која инаку Regera си вози цело време, одеднаш гледате Bugatti Chiron, мавате на десната шифт палка на воланот и автомобилот одеднаш ви дава 1500 + коњски сили и забрзување до 400 за 20 секунди. Ако ме прашувате ова е најневеројатниот автомобил во светот некогаш произведен. Да, и Chiron е посебен, но Regera е иднината на хипер автомобилите. Засега толку за Regera, до некоја наредна прилика кога ќе навлезам во деталите на овој супер хипер автомобил.

Koenigsegg Agera RS – Final

Image-9 Image-10

Најбргу продадениот модел во историјата на фабриката. Ова е последниот модел од серијата Agera, автомобилот кој ја имаше една од главните улоги во филмот Need for speed. 1144 коњски сили, 1395 килограми, забрзување до 100 за 2,8 секунди и максимална брзина од околу 420 километри на час. Сите 25 автомобили се продадени и ќе се најдат во служба на сопствениците во 2017 година.

До наредната епизода за Koenigsegg, одговорно тврдам дека Koenigsegg One:1 е најбрзиот сериски или легален автомобил на светот. Hats off to Koenigsegg.

- Реклама -