Британскиот инди-поп бенд The xx ја изведе својата најнова песна, насловена Angels во шоуто на Conan O’Brien. Нивниот настап во шоуто се случи вчера, а песната веќе може да се слушне на Youtube.
Тричлениот состав од Лондон се појави кај Conan O’Brien специјално за да ја изведе оваа песна, а таа е прва пуштена нумера од нивниот најнов и четврт по ред албум, насловен Coexist. Албумот се очекува да се појави во продажба на 10 септември. Продукциските должности за албумот повторно се во рацете на Џејми Смит.
Во текот на неделава The xx најавија и повеќе интимни настапи на територијата на Велика Британија во текот на септември. Тие ќе настапат на O2 Shepherd’s Bush Empire на денот на официјално излегување на новиот албум, а веќе следниот ден заминуваат во Кардиф, додека на 12 септември ќе застанат на сцената во Единбург.
Членовите на бендот исто така неделава изјавија дека навистина се чувствуваат посамоуверено времето на нивниот истоимен деби-албум. Роми Медли Скот истакна дека е супер што повеќе не се толку срамежливи, јавува NME.
Coexist се состои од 11 песни.
Angels
Chained
Fiction
Try
Reunion
Sunset
Missing
Tides
Unfold
Swept Away
Our Song
{youtube}gDjRRuHN8HI{/youtube}