Вие ја знаете како Самара од американскиот римејк „The Ring“, a во јапонскиот оригинален хорор „Ringu“ ја викаат Садако – духот на девојчето што „живее“ во бунарот, излегува од телевизорот за да те убие и има коса преку лицето. Другата е Кајако, од другиот најпознат јапонски хорор – „The Grudge“. Овие двеве, неодамна во Јапонија играа бејзбол. Натпреварот го следеше и духот на детето од The Grudge – Тошио.
Натпреварот се одржа со цел да се промовира новиот хорор филм кој е мешавина од овие два познати хорор наслови, во кој духовите на Самара/Садако и Кајако ќе се борат една против друга, а баш така е и насловен: „Sadako vs. Kayako“.