Трејлер: The Revenant

The Revenant е хорор-комедија во стилот на Shaun of The Dead и Zombieland. Го следи животот на еден војник и неговиот пријател кои стануваат зомбија и потоа ги употребуваат своите нови моќи за да се претворат во совесни борци против криминалот.

Резултатите на крајот се многу неочекувани откако нивната храбра авантура ќе стане малку покомплицирана и покрвава отколку што тие очекуваат.

Филмот го режираше Кери Приор, главните улоги ги толкуваат Дејвид Ендерс и Крис Вајлд, а премиерата во светските киносали е закажана за 24 август.

{youtube}k5fG31aFZto{/youtube}

- Реклама -