Објавен е новиот трејлер за „The Numbers Station“ со Џон Кјузак во улога на агент на ЦИА, на кого му е дадена последна шанса да се докаже.
Доделена му е задача да ја заштити Кетрин (Малин Акерман), која од тајна станица на ЦИА пренесува шифрирани пораки на оперативците. Кога станицата станува компромитирана, двајцата се здружуваат за да спречат глобална катастрофа.
Овој трилер е во режија на Каспер Барфуд според сценариото на Скот Фрејзер. Во кино салите пристигнува на 26ти април.
[youtube]rFZS3spi0Xw[/youtube]