The Minimalist: Едноставни рецепти од Mark Bittman

bittmanПознатиот колумнист на New York Times, Mark Bittman, е познат по својот уникатен стил, спонтаноста и едноставните рецепти. Тој е креатор на популарната колумна за готвење The Minimalist која е придружена со веб видеа.


bittman_bioПознатиот колумнист на New York Times, Mark Bittman, е познат по својот уникатен стил, спонтаноста и едноставните рецепти. Тој е креатор на популарната колумна за готвење The Minimalist која е придружена со веб видеа.

За себе вели дека не е готвач и иако имал прилика да готви со најдобрите готвачи на светот, тој никогаш немал формално образование на тоа поле и никогаш не работел во ресторан. Тоа не го спречило во неговата мисија да ги научи луѓето да готват едноставно и добро.

Mark Bittman е и автор на наградуваните How to Cook Everything, која ја нарекуваат библија на едноставното готвење за милиони американци и How to Cook Everything Vegetarian која беше најпродаваната книга за готвење во 2007 и за која се вели дека го смени начинот на кој американците готват.

Во ова петминутно видео Mark Bittman ќе ви покаже како да направите чоколадно суфле, a повеќе видео рецепти можете да погледнете на неговиот Youtube канал.

{youtube}0aS0N0vF8QA{/youtube}
- Реклама -