Научниците откриле нов начин во борбата против уништувањето на зеленилото на земјата. Станува збор за "сидбомб" или бомба од семиња на дизајнерот Хванг Јин Вук. Не, овие бомби не уништуваат ништо. За разлика од останатите бомби, нивната задача е да помогнат за заштита на планетава.

Семенската бомба е неконвенционален тип на распрскувачка бомба дизајнирана на
тој начин што кога ќе се фрли таа да се распрсне во воздухот и да испушти десетина "боеви глави" наоружани со билни семиња. Кога тие ќе паднат на земјата капсулите со семе кои се наоѓаат внатре се вкопуваат во тлото и тогаш започнува нивната вистинска борба. Заштитната капсула околу семето и’ ги овозможува на тревката сите потребни услови за проникнување. Како билката расте, капсулата изработена од биоразградна пластика се распаѓа овозможувајќи продирање на корените во тлото. Така билката непречено расте се додека не стане способна за самостоен живот и размножување.
Дизајнерот Хванг Јин Вук бил инспириран од легендарниот американски пилот Гејл С. Халверсон кој после Втората Светска Војна од авионот "во име на надежта" им фрлал колачи на берлинските деца.