Филмот The Amazing Spider-Man на Sony Pictures, што е четвртиот дел од популарната франшиза за човекот-пајак, веќе успеа да ја засени конкуренцијата во боксофисот, но и ги заплетка критичарите во својата мрежа. Сега и официјално продукциската куќа потврди дека овој филм нема да добие само едно продолжение, туку цела трилогија.
На својата страница за обожаватели на Фејсбук продукциската куќа ги потврди шпекулациите дека The Amazing Spider-Man ќе ја изненади публиката уште два пати.
The Amazing Spider-Man е првиот дел од филмската трилогија што ќе го истражува патувањето на нашиот омилен суперхерој, што ќе биде целосно обликувано од исчезнувањето на неговите родители, гласи објавата на официјалната фан-страница на Sony Pictures.
Филмот во понеделникот беше премиерно прикажан во САД, откако собра 6 милиони долари од 1.236 екрани низ цела Индија, што претставува најуспешна премиера за холивудски филм. Неговата популарнот е за дури 74 отсто поголема од онаа на неговиот претходник, Spider Man 3.
Филмот што го следи животот на Питер Паркер и неговото алтер-его го режираше Марк Веб, а главните улоги ги толкуваат Ендру Гарфилд, Ема Стоун и Рус Ифанс. Премиерата на вториот дел е најавена за 2014 година, а засега не се знае кога во светските киносали ќе се прикаже и третиот, односно дали двата дела ќе се снимаат паралелно и ќе излезат во иста година, или не. [“Amazing Spider-Man” trilogy confirmed]
{youtube}tnxzJ0SSOw{/youtube}