Скопскиот тим го искористи неиграњето на најдобриот противнички играч сезонава, Сеад Хаџифејзовиќ, кој непотребно доби исклучувачка грешка на неодамнешното гостување кај Феникс и тоа во веќе добиен меч за пелистерци. Тој без топка силно го удри Амар Хот под кошот, по што директно беше отстранет од теренот, а воедно и суспендиран од комсарот Александар Милојевиќ. Неговото отсуство и тоа како се забележуваше во играта на зелено-белите, кои со ова ја пропуштија шансата првиот дел од сезоната да ја завршат како првопласирани.