Тевез не го сака Милан

Карлос Тевез ги разочара навивачите на Милан, изјавувајќи дека нема намера да си замине од Манчестер Сити за да го засили италијанскиот гигант во летниот преоден рок.

„Росонерите“ се надеваа дека Тевез ќе биде голгетерот што ќе го наследи Ибрахимовиќ во навалната линија на составот на Алегри по трансферот на Ибрахимовиќ во ПСЖ, особено ако се земат предвид проблемите што Аргентинецот ги имаше во Манчестер Сити во текот на минатата сезона.

Сепак, проблематичниот голгетер делува смирено во таборот на Роберто Манчини и е решен да остане меѓу „Граѓаните“ и да помогне во атакот на трофеите во следната натпреварувачка сезона.

„Точно е дека претходно имав проблеми, но сега ситуацијата е сосема спротивна. Ги почнувам подготовките со Сити и со нетрпение го очекувам стартот на следната натпреварувачка сезона. Знам дека ќе имаме извонреден тим со којшто ќе атакуваме на сите можни трофеи и сакам да го оставам својот печат врз успесите на тимот. Токму затоа, воопшто не размислувам ниту за Милан, ниту пак за кој било друг клуб. Манчестер Сити е единствениот клуб за мене“ порача Тевез.

Прочитајте и:  Клубовите од Премиер лигата со тежок удар по Манчестер сити

По ваквиот развој на настаните, за очекување е раководството на Милан погледите да ги насочи кон Един Џеко, кој за разлика од Тевез е подготвен за заминување од Манчестер Сити поради премалата минутажа што ја добива од Роберто Манчини.

- Реклама -