Несомнено тетоважите претставуваат ефективен начин на изразување на индивидуалноста или гест преку кој се овековечува некој судбоносен настан.
Поради тоа речиси и не можеме да се сетиме на ѕвезда која нема тетоважи на себе. Погледнете ги тетоважите на некои од најпознатите дами во светот и значењето што се крие зад нив:
Викторија Бекам
Првата тетоважа која Викторија ја направи беа пет ѕвезди, за петте члена на семејството. Во 2005 година по повод шестата годишнина од свадбата Дејвид и Викторија истетовираа цитат на хебрејски, кој во превод значи „Јас припаѓам на својот сакан, а мојот омилен припаѓа на мене”. Викторија го има на рбетот, а нејиниот сопруг на раката.
На десната рака Бекам има истетовирано римски бројки VIII-V-MMV или 8 мај 2006 година – датумот на кој таа и нејзиниот сопруг ги обновија брачните заклетви. На истата рака во 2008 Викторија истетовита латински натпис „De Integro”, што означува нов почеток.
На левата рака Вики ги има испишано иницијалите на партнерот и натпис на хебрејски, кој означува „Засекогаш заедно во вечноста”, направен по повод 10-годишнината од свадбата со фудбалерот.
Никол Ричи
Таа има вкупно девет тетоважи ,а една од нив претставува пар балетанки, лоцирани во долниот дел на стомакот. Тетоважата е инспирирана од песна на нејзиниот татко, Лајонел Ричи, напишана специјално за неа. Никол има тетовирано и крст со убав ланец околу глуждот, налик на скапоцен камен. Според неа, крстот сам по себе го покажува стремежот на личноста кон Бога и вечноста, тој е симбол на бесмртноста.
На вратот Никол има тетоважа со семејното име „Ричи”, и црвена панделка, преку која ѕвездата оддава почит кон биолошката мајка. На грбот Никол има две мали крилја, а на внатрешната страна на зглобот испишан е натписот Virgin во смисла на чиста и непорочна.
Пенелопе Круз
Шпанската убавица има две тетоважи – мал симбол на зглобот и бројот 883 во долниот дел на левата нога.
Броевите Пенелопе ги истетовирала пред неколку години, додека се гледала со актерот Том Круз. Бидејќи актерката долго време не го откри значењето на мистериозниот татус, тој беше предмет на шпекулации и претпоставки од страна на медиумите и фановите.
Конечно шпанската дама призна дека 8 и 3 се нејзините среќни броеви според нумерологијата. Таа додала уште една осмицата во средината, за да биде сигурна дека среќата секогаш ќе е на нејзина страна.