Сложените процеси кои ја штитат кожата од инфекција се истите тие што му овозможуваат на мастилото трајно да остане на кожата.
Човековото тело отфрла околу милион клетки на ден, што во контекст на тетоважите би значело дека сé што ќе се нацрта на кожата со време избледува и исчезнува.
Меѓутоа, тетоважите се нанесуваат со помош на посебен пиштол кој го пробива надворешниот слој на кожата и мастилото го внесува во подлабокиот слој – дермисот. Тоа се постигнува со помош на игличките во пиштолот, кои брзо го уфрлаат мастилото во влакната и нервите на дермисот.
Кога ќе се нанесе мастилото, имуниот систем реагира како да е нападнат, заради што испраќа клетки на местото на тетоважата, т.е. раната, па тие клетки почнуваат да ја обновуваат кожата. Токму постојаното испраќање на клетки на „местото на настанот“, или со други зборови, постојаната борба со „инфекцијата“ е тоа што им овоможува на тетоважите да траат толку долго.
Клетките што патуваат до раната се наречени макрофаги и почнуваат да ја јадат бојата која е таму депонирана. Другите клетки, пак, заедно со делови од кожата, како што се фибробластите, го впиваат мастилото, но не можат ништо да направат со него, заради што тоа останува во кожата.