Многумина сакаат да го истетовираат името на својот моментален партнер, или пак бурма, не размислувајќи на каков ризик се изложуваат.
Вистинската љубов можеби некогаш ќе заврши, но тетоважите со посвета ќе останат засекогаш.
Сепак, некои парови се одлучуваат да го направат тоа побезболно. Тие пронаоѓаат идеи за тетоважи кои заедно добиваат многу уникатна целина, но сосема се индивидуални и ако се гледаат поединечно.
Би истетовирале ли нешто во овој стил?