Мастектомијата – хируршко отстранување на целата или дел од градата, често значи и втора шанса за живот за жените кои страдаат или имаат ризик од развивање на канцер на дојката. Сепак, ваквата интервенција остава сериозни лузни на телото, но уште повеќе на духот и психологијата на личноста. Прифаќањето и сакањето на сопственото тело е есенцијален чекор кон хигиена на умот и квалитетен живот, а некои жени ја избраа токму тетоважата како форма која им овозможува да го вратат изгубеното.
Веб-сајтот P.Ink е посветен на поврзување на тату-артистите со жените кои сакаат да стават тетоважа на местото на лузната од операцијата, како моќен обид да се гледа со љубов кон своето оперирано тело. Еден од тие тату-артисти – Дејвид Ален, има да каже неколку инспиративни нешта околу целиот процес:
„Она што беше клиничко, повторно стана прекрасно. Го претворивме она што беше стерилно, во сензуално. Ја вративме контролата во наши раце.“