Иако тетоважите инспирирани од фотографската уметност денес не се реткост, тетовирајќи фотографски мотиви, оваа девојка успеала од својата рака да направи оптичка илузија.
Холандската тату-мајсторка Хелма ван дер Вејде ја нацртала оваа тетоважа на подлактицата на својата ќерка Лоти. Сега Лоти само треба со подлактицата да ги покрие очите и лесно ќе ја покаже својата страст за фотоапаратите.
На овој начин Лоти изгледа како постојано да снима нови и нови фотографии, но и таа никогаш не го напушта домот без својот „фотоапарат“.
Добар е и изборот на фотоапарат. Хелма избрала старовремски модел Asahi Pentax 35mm SLR, кој предизвика вистинска револуција откако беше пуштен во употреба во 1957 година и значително влијаеше на дизајните на SLR-леќите во годините што доаѓаа. [‘Say Cheese’ Camera Tattoo Turns Girl’s Forearm into an Optical Illusion]