„Тетова сот“: Поранешниот командант на ОВК – Назим Буши, ќе биде заменик министер за внатрешни работи

Назим Буши веќе е избран во Демократската унија за интеграција (ДУИ) за функцијата заменик министер во Министерството за внатрешни работи (МВР), објави порталот на албански јазик „Тетова сот“.

Како што пишува порталот, Буши е познат како поранешен командант на 114-та бригада на Ослободителна војска на Косово (ОВК, алијас UÇK), која дејствуваше во  регионот на Карадак во Куманово и Скопје, кој за време на конфликтот во 2001 година „ги напуштил“ редовите на АРМ и се приклучил на ОВК.

Во периодот од 1987 до 1991 година Буши бил дел од офицерите на Аеродромот на Југословенската армија, а по независноста на Македонија продолжил на скопскиот аеродром. По крајот на конфликтот, во 2002 година, бил на чело на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во МВР, потоа заменик директор на Агенцијата за заштита и спасување, а бил и ангажиран како советник во неколку институции, сѐ до неговиот ангажман во Македонски Телеком, по назначувањето од Владата, пишува „Тетова сот“.

 

- Реклама -