Тестирано првото вселенско пиво (видео)

пивоАвстралиска микропивара заедно со група вселенски инженери од астронаутичка компанија создале пиво кое би било идеално за пиење во вселената. Џарон Мичел од 4 Pines Brewing Company вели дека со очекуваниот пораст на популарноста на вселенскиот туризам неизбежно ќе биде создаден и побарувачка за алкохол во вселената.

Поради таа причина Џарон се здружил со Џејсон Хелд од Saber Astronautics за да создаде пиво дизајнирано со единствена цел – уживање во микрогравитација. Но тоа не е едноставен подвиг, не може секое пиво да стане „вселенско пиво“. Мичел вели дека има голем број пречки за „пиење во вселената“ кои мора да бидат надминати.

Дел од овие пречки се отекувањето на јазикот и губењето на сетилото за вкус. Потоа треба да се надмине и „вселенското ждригање“ – бидејќи во микрогравитација гасовите не се одделуваат од течностите, јаглеродниот диоксид е заробен поради што доаѓа до појава на влажно всленско ждригање. Рецептот за пивото бил изработен со овие пречки на ум, по што започнало неговото тестирање на специјален авион кој симулира микрогравитација.

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс

{youtube}uUh4w68yNGk{/youtube}

- Реклама -