Тестирањето на првата вакцина против рак на белите дробови започна во седум земји

Лекарите започнаа со тестирање на првата mRNA вакцина против рак на белите дробови на пациенти во седум земји. Kлиничкото испитување на луѓе во фаза 1 е започнато на 34 истражувачки локации во седум земји: Велика Британија, САД, Германија, Унгарија, Полска, Шпанија и Турција.

Вакцината позната како „BNT116“ ја направи „BioNTech“, а работи на принцип на пронаоѓање на канцерогени клетки и потоа нивно убивање и спречување да се вратат, пишува „Гардијан“.

Целта на вакцината е да се зајакне имунолошкиот одговор на болно лице на рак, а здравите клетки да останат непроменети.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите
- Реклама -