OptiKey е бесплатна open-source виртуелна тастатура чии што тастери се контролираат со очите, а е дело на 32 годишен девелопер од Лондон, Џулијус Свитланд.
Оваа виртуелна тастатура, на која Џулијус работел изминативе три години, е развиена за Windows уредите и е компатибилна со сите евтини уреди за следење на движењата на очите, како што е Tobii EyeX, чија што цена, заедно со доставата изнесува околу 165 долари.
OptiKey има и копче “Speak”, со помош на кое што корисниците ќе можат сите внесени зборови гласно да ги „изговорат“ по пат на компјутер.
Тестирањето на OptiKey виртуелната тастатура Svitland веќе започна со пациенти од Кралската болница во Лондон, а сите заинтересирани можат истата да ја превземат ТУКА.