Тестенини подготвени на богат начин.
За четири лица, поребно е:
350 г. кратки тестенини
1 главица брокула искината на букетчиња
2 дл. крем павлака
100 г. рендан пармезан
100 г. сланина, исецкана на кришки
4 лажички маслиново масло
1 главица кромид
1 лажичка сецкан лук
сол и бибер
Подготовка:
Во зовриена вода сварете ги тестенините и исцедете ги. Кратко обарете ја брокулата.
Во тенџере загреете го маслото на средна температура и пропржете ги ситно сецканиот кромид и лук.
Потоа додадете ја брокулата, динстајте 3-5 минути, па измешајте павлака и рендан пармезан. Кога ќе започне да крцка павлаката, додадете ги исцедените тестенини, добро промешајте, посолете и побиберете по желба.
Сланината кратко испржете ја во тавче, а потоа исечете ја на парчиња. Поделете ги тестенините во 4 порции, распоредете ги парчињата сланина и послужете.