Тест за детекција на корона вирусот во Zan Mitrev Clinic само со претходно закажан термин

Тест за детекција на корона вирусот во Zan Mitrev Clinic само со претходно закажан термин

Клиничка болница „Жан Митрев“ има можност за згрижување и изолација на инфективни пациенти. Рутински правиме испитувања на Корона вирус и сите други вируси.

Нашата лабораторија за Генетика и Персонализирана медицина е единствената која нуди детекција на новиот смртоносен коронавирус (SARS-CoV-2) со RT-qPCR тест според протоколот на CDC.

Испитувањата се прават исклучиво со преходно закажување на телефонскиот број +389 2 3104 921. Цената е 1500 денари.

Во нашата клиника се превземени сите потребни мерки за заштита на пациентите и персоналот. Сите вработени се едуцирани за соодветна хигиена, дезинфекција и посебен режим на посета на пациенти уште пред оваа епидемија да добие ваков обем.

Ние имаме услови за прифаќање на инфективни пациенти со тоа што имаме соби со негативен притисок кои се пропишани за аерогена изолација.

Но, според JCI, нашата политика вели дека таквите пациенти ги трансферираме на Инфективна клиника.

Исто така, ние како болница не би требало да хоспитализираме и да третираме пациенти со Корона вирус (како закана за епидемија) бидејќи препораката е таквите пациенти да се препраќаат на Инфективна клиника односно болниците кои имаат оддел за Инфективни болести како што беше кажно од Министерството за здравство. Но, доколку ресорното министерство ја промени оваа одлука тогаш подготвени сме да излеземе во пресрет согласно потребите на државата.

- Реклама -