Некои луѓе долго време размислуваат како да се избават од еден или друг проблем, додека други решаваат веднаш што да прават.
Решението за кое долго се размислува, е поумно и правилно од она што е донесено спонтано.
Но како се справуваме во моменти кога, ако не земеме брзо решение, може да изгубиме повеќе отколку ако сме дејствувале спротивно од тоа?
Со овој тест ќе определите кон што сте склони повеќе: кон брза акција или кон размислувања и планирање за создадената положба.
Оценете се себе, така што ќе одговорите на 20-те тврдења со ДА или НЕ. Секој одговор ДА ви носи по 1 поен.
1. Дали ви се допаѓа да бидете претрупани со работа?
2. Ве нервира ли метежот и бавното движење по улиците?
3. Често ли брзате од едно место на друго или од еден настан за друг?
4. Непријатно ли ви е да стоите, без да правите ништо?
5. Претпочитате ли да учествувате во што и да било, отколку да бидете само набљудувач?
6. Дали ги користите скалите кога брзате, бидејќи лифтот е зафатен?
7. Ве почитуваат ли колегите, бидејќи работите брзо?
8. Станувате ли порано дури и за време на викендите?
9. Дали со ентузијазам гледате на новите идеи?
10. Имате ли организаторски способности?
11. Дали претпочитате да дејствувате пред да планирате?
12. Речиси не издвојувате време за спиење?
13. Дали некогаш сте размислувале каде и како се појавил човечкиот род?
14. Дали ви се допаѓа да решавате крстозбори?
15. Дали често посетувате музеи и изложби?
16. Приспособени ли сте да водите разговори со непознати?
17. Дали имате навика да се искачите по скалите и веднаш да заѕвоните во чекор?
18. Дали мислите дека можете да завршите повеќе работа од другите?
19. Претпочитате ли да вежбате за викенди, наместо да се одморате?
20. Ви станува ли здодевно, ако не правите ништо?
…
Резултати:
Од 0 до 5 поени : Нема сомневање дека сте од луѓето кои се склони кон длабоки размислувања пред донесувањето на какво и да е решение. Дури и во случаите, кога сè е јасно, наоѓате повод повторно да ја анализирате ситуацијата. И при рутинските задачи мислата активно ви работи. Всушност вие мислите не само за практичните нешта, туку имате и фантазија. Вашиот измислен свет е многу поубав отколку вистинскиот, и токму во него си дозволувате налетите на душата да земат надмоќ над рационалното. Токму затоа, кога сте сами, не ви е досадно, иако многу луѓе ве сметаат за затворени.
Од 6 до 11 поени : Во зависност од ситуацијата сте подготвени и за аналитички размислувања, но и за брзо дејство, поради што многу ретко вршите непромислени одлуки. Слична разумна комбинација ви обезбедува практично брзо и безболно прилагодување кон секакви околности. Луѓето како вас обично се грижат за вработените и колегите со истото внимание и загриженост како за семејството. Вие сте и од оној тип менаџери кои најуспешно се справуваат со стресот на работното место. Со своето однесување креирате атмосфера на сигурност и предвидливост меѓу тимот со кој работите.
Од 12 до 20 поени : Вие ги игнорирате размислувањата, со оправданието дека тоа е непотребно губење на време. Активните мерки, според вас се најефикасното решение. Така се јавуваат ситуации во кои работите не се подредени како што сте очекувале. Вината за тоа е главно во избезумените дејствија и ако продолжите да се стремите да правите неколку работи истовремено, не сте осигурани од грешки и во иднина.