Тест на виткање: iPhone 6 Plus, Galaxy S6 Edge и HTC One M9

Ако се сеќавате на #bendgate скандалот околу iPhone 6 Plus, веројатно знаете дека целата таа врева не само што не му донесе негативни последици на брендот, туку и го направи телефонот уште попознат. За тоа се зборуваше насекаде, а клиповите на Youtube во кои луѓето виткаа телефони достигнаа и по милиони прегледи. Очигледно, лоша реклама не постои, па Samsung реши да делува во согласност со тоа.

Новото клипче ја открива способноста на новиот Galaxy S6 Edge да се витка, но во оваа битка, тој не е сам. До него се и HTC One M9, но и супер-познатиот iPhone 6 Plus. Тестот е спроведен со специјален апарат, кој покажува при колку голем притисок се свиткува секој од телефоните, и се разбира, при колкав притисок се крши.

tabela

Јасно се гледа дека разликите во материјалот и во изработката на трите телефони се големи. Додека едни се виткаат при помал притисок, на други им треба малку повеќе. Сепак, секој од нив реагира на различен начин. Кај iPhone 6 Plus, на пример, се забележува само виткање, а се крши дури при притисок од 81кг. Новиот One M9 се витка и крши при 54кг., бидејќи на средината се наоѓа и копчето за вклучување. Штом дојде до овој степен на виткање телефонот веќе не може да се стартува и вклучи. Кај Galaxy S6 Edge, од друга страна, виткањето започнува при 45кг., а тогаш пука и стаклото. Сепак, телефонот продолжува да работи и се крши дури при 68кг.

- Реклама -