Тестовите за утврдување на личоста според кои треба да се одбере одреден цртеж или симбол го откриваме својот карактер има основа во различни психилошки анализи.
А кога со некои најопшти откривања на карактерните особини се додаде и малку фантазија добиваме симпатична забава во која сигурно има барем малку вистина.
1. Ја сакате слободата
Слободата за вас е најважна- за вас нема ништо полошо од кога се чувствувате ограничени. Немате ништо против промена на работното место или преселувањето во друг град, бидејќи вас едно место не ве држи. Слично е и со вашите врски- луѓето вас ве гледаат како личност која пред сè ја цени слободата и дише со полн здив, во согласност со мотото „Само еднаш се живее“. Привлечни сте им на луѓето кои имаат помалку енергија од вас, тие вас ве следат како мушички светилката. Едноставно кажано- вие сте здив на свеж водух.
2. Независни и неконвенционални
Вашиот стил на живот е многу индивидуалистички. Не ја следите толпата, туку живеете во согласност со своите сопствени идеи и убедувања, дури и ако тоа значи дека „пливање наспроти стујата“. Во потрага сте по слобода и независност која ќе ви овозможи да го одредите својот сопствен курс. Во еден сегмент од работата или слободното време сте поврзани со уметноста. Вашата потреба за слобода понекогаш предизвикува да правите нешто спротивно од она што се очекува од вас. Едноставно кажано- живеете на свој начин.
3. Емотивни и замислени
Вие сте во можност со часови да бидете сами со своите мисли, а да не ви биде досадно. Ја презирате површноста и повеќе би сакале да бидете сами отколку да трпите дружења и разговори кои немаат смисла. Вашите односи со пријателите се многу силни, кои ви даваат внатрешен мир и хармонија. Кога сакате- сакате длабоко, но доколку саканата личност ве повреди, нема така лесно да и простите. Вашата душа живеела многу животи пред овој, многу доживеала и многу видела. Она што сега ви е потребно е да се фокусирате на важните работи и смислата на постоењето.
4. Приземени и шармантни
Имате природно автентичен шарм, а она што го гледате, обично и го добивате. Луѓето ви се восхитуваат затоа што изгледате на комплетна личност. Стоите со двете нозе цврсто на земја и другите можат да се потпрат на вас. Додека другите ги комплицираат своите животи со дилеми и изговори, вие сте на чисто со своите постапки. Давате сигурност на оние околу вас. Вие сте како карпа, и додека некои не сакаат да го признаат тоа, вие сте сонцето околу кое другите се вртат. Не ви се допаѓаат непостојаните и површни луѓе кои слепо ги следат трендовите. Вие сте личност на која и е важна суштината.
5. Професионални и самоуверени
Вие ја превземате одговорноста за вашиот живот. Повеќе имате доверба во вашите способности и перформанси, отколку во среќата. Проблемите ги решавате практично и едноставно. Реално гледате на работите во животот и ги решавате без многу врева. Во работата сте одговорни, а на другите им давате самодоверба. Вие сте родени лидери и организатори. Иако сте добар тимски играч, всушност најдобри сте на лидерските позиции. Во останатото, обично сте во право.
6. Смирени и безвременски
Кај вас сè е лежерно, но дискретно. Поседувате и одредена безвременска елеганција од типот на Одри Хепберн. Иако без напор склопувате пријателства, во состојба сте да ја задржите приватноста и независноста. Од време на време сакате да се изолирате и да разлислувате за смислата за животот. Кога ви е потребен простор, полесно ќе се изгубите во толпата, отколку да побегнете во осаменост. Вашиот однос кон самите себе и кон светот е јасен, го цените животот, благодарни сте на она што го добивате од другите. Имате силни животни цели и знаете да ги проектирате на другите.
7. Културни и класични
Вие сте културна и класична личност која го цени она што не можат да го купат парите- квалитетен разговор, оригинални идеи, музика и уметност. Имате смисла за фер игра- обично ги гледате двете страни на паричката. Ретко дозволувате да ве надвладеат емоциите, полесно работите ги проценувате рационално. Тивки, со смисла за логика, а со тоа и сочувствителни и љубезни. Тие се оние „старомодни“ принципи кои го прават човек господин или дама. Вие сте безвременски, vintage-класика, личност на која многумина тајно и се восхитуваат и сакаат да ја копираат.
8. Чувствителни и спиритуални
Вие сте многу емоционални и духовни, а животот не го гледате само рационално. Имате силна интуиција и им верувате на своите чувства. Мора секогаш да имате некои соништа кон кои се стремите, во спротива не сте среќни. Сакате да работите на себе за да можете да дадете придонес кон подобар свет, дури и во најмал степен. Тешко ви е да ги разберете луѓето кои се водат исклучиво според разумот. Сакате да се дружите со луѓе со отворена душа, кои делат верба дека животот е повеќе од она што го гледаме, слушаме или чувствуваме. Едноставно- имате изразено шесто сетило.
9. Динамични и поттикнувачи
Вие сте двигател и мотиватор. Подготвени сте да ризикувате за да ви биде поинтересно. Рутината вас ве парализира. Вие едноставно не сте родени за да седите на истиот стол од девет до пет попладне. Мора да ви се даде можност да ги изразите своите идеи и да ги ставите во акција. Имате способност да ги расположите другите, дури и за време на најнапорноиот ден. Ако некогаш и го изгубите тој свој сјај, тоа е затоа што не можете да се снајдете во ситуацијата во која сте се нашле. Следете го својот ентузијазам, бидејќи за вас патувањето е еднакво важно како и дестинацијата.