Тест: Каква е вашата духовна рамнотежа?

Секојдневието е полно со проблеми, а духовниот баланс е клучот кој одредува како ќе им пристапиме. Решете го овој краток тест и видете каде сте на скалата на душевниот мир.

1. Предоцна сфаќате дека сте заборавиле на некој важен договор. Што ќе направите?

А: Долго и интензивно ќе се нервирате.
Б: Грозничаво ќе пробате да смислите изговор кој би звучел доволно уверливо.
В: Човечки е да грешиш. Ќе се јавите и ќе ја објасните ситуацијата.

2. Автомобилот зад вас е на сантиметар од вашиот браник, а возачот ви блиндира. Што ќе направите?

А: Притискате на гасот за да не го провоцирате дополнително.
Б: Го игнорирате и возите како што сметате дека треба да возите.
В: Ужасно сте бесни и намерно возите уште побавно.

3. Одлично сте расположени. Телефонот ѕвони и другарот/ката ви зборува за своите проблеми. Како се чувствувате после разговорот?

А: Драго ви е што сте му/и помогнале и продолжувате да си ја терате работата.
Б: Малку сте потиштени.
В: Ве нервира што ве оптеретуваат со своите проблеми.

4. После кавгата се однесувате како ништо да не се случило. Што мислите вие за тоа?

А: Зошто да не? Зошто од мува да правите слон?
Б: Не би можеле така да се однесувате. Би биле премногу вознемирени.
В: Тоа може да биде добар начин за дистанцирање.

5. Кога се ќе ви се насобере и од силината на стресот не знаете на која страна да се свртите…

А: …имате чувство дека ќе полудите. Тешко ви паѓа да се исклучите.
Б: …развивате некоја врста црн хумор за да ви помогне да ја издржите тешката фаза.
В: …се издигнувате над ситуацијата и постигнувате резултати кои и самите вас ве изненадуваат.

a822b1_021772a51e75bd11d3de1ff55e343a48[1]

БОДУВАЊЕ:

А  Б  В

1.  3  2  1
2.  2  1  3
3.  1  3  2
4.  1  2  3
5.  3  2  1

РЕШЕНИЕ:

Од 5-8 бодови: Вие сте спокојна личност, ги прифаќате нештата такви какви што се. Таквиот став ви помага да се фокусирате на суштината на проблемот.

Од 9-12 бодови: Во принцип сте урамнотежен карактер. Само кога некој вас лично ќе ве закачи, реагирате бурно. Тогаш ви е потребно време за да пронајдете внатрешен баланс.

Од 13-15 бодови: Заради тоа што сте емотивна личност, прилично сте склони кон промена на расположението. За да ги поштедите нервите, потребно е да си приуштите повеќе опуштање и одмор.

- Реклама -