Велат дека Леонардо да Винчи бил првиот кој се заинтересирал за можноста да ја развива имагинацијата, разгледувајќи случајно генерирани фигури.
Сигурно многумина од вас го правеле тоа, пронаоѓајќи целини во интересни шкртаници, фигури без јасна форма. Гледате и секој пат откривате нова фигура, лице, очи, тие ти насмевнати или тажни, а вие ги гледате и барате нови и нови лица …
Вештината, желбата и навиката да се бараат човечки лица насекаде каде што можат да се најдат, навистина е наједноставниот и еден од најсигурните тестови кои одговараат на прашањето: Дали сум психолог? Имам ли дарба за да бидам? А ако се практикува често, оваа способност може да се развие.
Започнете сега. Погледнете ја сликата. Имате на располагање 1 минута. Колку човечки лица ќе најдете за тоа време?
За 1 минута обично луѓето успеваат да видат на сликата од 7 до 9 лица. Поголемите набљудувачи откриваат 10, најспособните – 12, а оние кои поседуваат дарба 14 па дури и повеќе, но уште поважно е дека се враќаат кон цртежот повторно и повторно.