Тест: Дознајте кои се вашите скриени особини

Овој тест го открива карактерот на луѓето на основа на положбата на рацете и гестикулацијата. Едноставен е , така што ќе го решите во четири чекори. Важно е да одговарате без многу да размислувате. Земете лист и пенкало и фатете се за работа. Не гледајте надоле 🙂

Vaše skrivene osobine - test

1. Поврзете ги прстите како на сликата…

Ако ви е палецот на десната рака над левиот, напишете ја буквата  D, a ако ви е палецот од левата рака над десниот пишете  L.

Vaše skrivene osobine - test

2. Нишанете кон невидлива цел со едното око затворено .Ако гледавте со левото око, а десното го затворивте пишете  L, обратно D.

Vaše skrivene osobine - test

3. Прекрстете ги рацете како што ви оди спонтано.

Ако левата рака ви е над десната, запишете  L, а ако е обратно напишете D.

Vaše skrivene osobine - test

4. Ракоплескајте. Ако е активна вашата лева рака, напишете  L, ако е десната D.

Решение: Сега проверете ги буквите кои ги запишавте во решенијата

DDDD – Конзервативна особа, стереоптип, не сакате расправии, но и се срамите од додворување.

DDDL – Вие сте неодлучна особа.

DDLD – Комуникативни сте, одлучни, со смисла за хумор и уметност.

DDLL – Ретка комбинација. Слични особини како претходната, само вие сте помеки и почувствителни.

DLDD – Спој на памет и чувствителност. Тешко се „навикнувате на навики“, толерантни сте и помалку студени.

DLDL – Ретка комбинација. Беспомошни сте. Лесно паѓате под туѓо влијание.

LDDD – Емотивна личност, имате недостаток од жилавост и упорност кога станува збор за важни прашања, лесно се прилагодувате на туѓите влијанија.

LDDL – Многу сте наивни и недоследни.

LLDD – Наклонетост и едноставност, имате многу интереси и наслонети сте кон себе.

LLDL – Рамнодушност и наивност.

LLLD – Вие сте емоционални и исклучително енергични.

LLLL – Либерална особа. Способни сте да го согледате старото и новото. Силни сте, емотивни, индивидуалисти, но понекогаш се изолирате.

LDLD – Многу силен карактер. Невозможно е да ја промените својата точка на гледање, енергичност и упорност при реализацијата на вашите цели.

LDLL – Слични сте како и претходната комбинација. Можеби малку повеќе меки и склони кон самоанализа. Имате тешкотии при стекнувањето на пријателства.

DLLD – Вие сте комуникативни и знаете како да избегнете конфликти. Често барате ново хоби.

DLLL – Независни сте, сакате се да направите сами.

- Реклама -