Тест: Дали сте психопат?

 

p1

Резултати:

0-11 поени

Вие сте човек кој е топол и полн со емпатијата. Свесни сте за социјалната одговорност и имате будна совест. Претпочитате внимателно да ги измерите добрите и лошите страни во секоја ситуација пред да направите нешто, и воопшто не сакате да ризикувате. Социјални сте и не ви се допаѓаат конфликтите. Вашето мото е “постапувајте со другите онака како што сакате да постапат тие со вас”. Иако избегнувате да ги повредувате луѓето сепак, треба да запомните дека оние кои се повисоко на скалата на психопатите, не се толку совесни и се грижат како вас . Затоа бидете будни, за да не ви биде предизвикана непотребна болка.

12-23 поени

Иако совеста ви е на местото, вие знаете да бидете прагматични. Генерално не се плашите од тоа самите да си ја завршите валканата работа! Не сте срамежливи, но не сте и несовесни. Генерално не се срамите да ги гледате работите од гледната точка на другиот, но во исто време умеете да ги наметнете своите права. “Се со мерка – вклучувајќи ја и самата мерка” го резимира приодот кон животот.

24-33 поени

Да, вие сте човек кој умее да игра грубо. Знаете што сакате и не се плашите да го побарате – дури и ако тоа значи да ги кршите правилата и да скршите неколку срца на ваш начин. Решителни сте и самоуверени, а со самото тоа и подготвени на сè за малку адреналин. За вас “Целта ги оправдува средствата”. Не мислите што е правилно, а што – погрешно, ниту пак, што ќе ви го донесе посакуваниот резултат. Запомнете дека, сепак, не сте сами на овој свет и ќе треба да научите како да ги смирите егоистичните аспирации. Порано или подоцна ќе се појави некој поголем психопат и ќе ви се спротивстави.

Девет знаци дека колегата ви е психопат

- Реклама -