Сте се запрашале ли некогаш дали спаѓате во категоријата на интровертите, на екстровертите, или пак сте некаде во средината?
Сузан Кејн, автор на книгата Quiet: The Power of Introverts in a World that Can not Stop Talking, создала лесен тест за целта. Треба да проверите дали овие 10 тврдења се однесуваат на вас според следнава скала:
1 поен – апсолутно некарактеристично и невистинито
2 поени – некарактеристично
3 поени – неутрално
4 поени – се пронаоѓам
5 поени – многу карактеристично за мене
Проценете ги едно по едно следниве тврдења:
1) Брзо се празнам и се чувствувам изнемоштен / а кога сум во друштво на многу луѓе.
2) Претпазлив / а сум при донесувањето на одлуки.
3) Се чувствувам исцрпен / а откако сум бил надвор, дури и да сум се забавувал / а.
4) Не преземам ризици, освен ако не сум ја анализирал/а внимателно ситуацијата.
5) Луѓето ме опишуваат како “тивко” дете.
6) Кога сум во толпа или со големо друштво, чувствувам потреба да останам сам/а.
7) Не избрзувам со важните одлуки.
8) Изложеноста на премногу светлина или шум ме тера да се чувствувам исцрпен / а.
9) Трпелив/ а сум и сакам секогаш да сум запознаен / а со сите факти на одредена тема.
10) Работам најдобро во тивка средина.
Резултати:
38 поени или повеќе:
Вие сте интроверт. Преферирате да ја насочите социјалната енергија кон мали групи на луѓе. Идеална вечер за вас е чаша вино со близок пријател, а не гласна забава. Размислувате однапред и внимателно за секое нешто пред да го кажете. Ја почитувате приватноста и имате богат внатрешен свет, кој прави да се чувствувате добро. Поекогаш се затворате внатре во него и се чувствувате како да сте во удобна зона.
Меѓу 22 и 37 поени:
Вие сте амбиверт. Тоа е нешто помеѓу интроверт и екстроверт. Така го добивате најдоброто и од двата света.
21 поени или помалку:
Вие сте екстроверт. Многу сте социјални, енергијата ви се покачува кога разговарате со многу луѓе, дури и со непознати. Реагирате добро во напнати ситуации, умеете да размислувате брзо и да носите решенија експедитивно. Чувствувате дека се досадувате кога сте во тивка средина. Активни сте во многу области и уживате во животот во полн сјај.