Тесла со помала продажба во првото тримесечје од годината

Тесла извести за првиот пад во продажбите на годишно ниво по 2020 година како резултат на зголемената конкуренција на електрични возила од западните производители на автомобили и од Кина.

Илон Маск, извршен дректор на компанијата за производство на електрични коли, извести дека во првите три месеци годинава биле произведени 433,000 возила но дека биле продадени само 387,000. Во последните три месеци лани биле продадени 484,507 возила. Во првото тримесечје од 2023 година Тесла продала 422,875 возила.

На смалениот број продажби Тесла одговори со намалување на цените. Иако компанијата е попрофитабилна од традиционалните автопроизводители, намалените цени ги истиснаа маржите од профит што ја зголемуваа вредноста на акциите.

Прочитајте и:  За гасење на запалена батерија од камион Тесла пожарникарите потрошиле 190 илјади литри вода

Како резултат на ова акциите на компанијата на берзата вчера се намалија за 5 отсто, и изгубија повеќе од третина од својата вредност годинава.

За намалените испорачани количини Тесла посочи неколку фактори. Првиот е зголеменото производство на обновената верзија на Модел 3 во својата фабрика во Фримонт, Калифорнија. Потоа затворањето на некои фабрики како резултат на пренасочениот бродски сообраќај преку Црвеното Море поради нападите таму. Исто така фактор беше и еднонеделното затворање на фабриката во Германија поради намерно опожарување од страна на група еко активисти.

- Реклама -