Компанијата Tesla Motors ќе претстави на 17 октомври целосно новоразвиен концепт, кој според зборовите на нејзиниот претседател, Илон Маск ќе биде „големо изненадување за многумина“. Ова го соопшти самиот Маск во својот блог на социјалната мрежа Twitter.
Според изданието Electrec, компанијата ќе ја претстави следната генерација на автоматскиот пилот – Autopilot 2.0. Според неофицијални податоци во комплексот со системи ќе бидат вклучени дополнителни сензори, како и три нови фронтални камери. Тест прототипот на Tesla Model S, каде се испробува новиот систем, веќе беше забележан во градот Питсбург.
Други информации велат дека од Tesla ќе се откријат нови детали за електричниот Model 3, чиј прототип беше прикажан во април. Неколку месеци потоа Маск објави дека развојот на моделот ќе биде завршен до крајот на 2016 година и вети тогаш дека тоа ќе биде направено на голем настан, посветен само на Model 3, па не е исклучено на 17 октомври да биде прикажана новата верзија на возилото.
Најприфатливиот Tesla е изградена на нова шасија, а основната верзија ќе понуди забрзување од 0 до 96 km/h за помалку од 6 секунди. Топ-варијантата ќе го прави истото за 4 секунди. Само со едно полнење електромобилот ќе може да помине околу 400 километри. Цените на Model 3 стартуваат од 35.000 американски долари, а нарачки за него направиле повеќе од 400 000 луѓе кои платиле и „капар“.