„Тесла“ модел X веќе не се крие

Во близина на фабриката на Tesla Motors, во Калифорнија, беше забележан и снимен тестниот прототип на електричниот кросовер Tesla Model X, кој треба да биде претставен пред публиката до крајот на оваа година.

Во компанијата производител очигледно решиле дека нема зошто да го кријат веќе својот нов модел и не се ни обидуваат да го „шетаат“ без камуфлажа. Единствено покриени со црни налепници се предните и задните светла на кросоверот, како и дел од прозорците.

185_Tesla-470-2

Веќе е познато дека електромобилот со седум седишта ќе го добие истиот агрегат, на кој се потпира и топ верзијата на седанот – Tesla Model S. Тоа значи дека кросоверот со систем 4х4 ќе се потпира на моќност од 691 КЅ и ќе нуди автономија од околу 380 километри. Послабата верзија ќе се нуди само со заден пренос и ќе добие електромотор со моќност од 380 КЅ. Кај неа клиентот ќе може да избира помеѓу два блока батерии – со 60 или 85 kW/h.

Се очекува продажбата на сериската верзија на кросоверот Tesla Model X да стартуваат во почетокот на 2016 година.

- Реклама -