Револуционерниот луксузен електромобил Tesla Model S на тестовите ги надминал сите очекувања, покажал подобри резултати од основните класични конкуренти од премиум класата со исклучок на спортските варијанти со ознака M и AMG.
Со овој голем хечбек американската компанија Тесла не само што ја најавува иднината, туку и своето постоење. Токму овој автомобил треба да донесе профит во фирмата, за првпат по многу години. Автомобилот е исклучително удобен, голем, со апсолутно чиста работа и со динамичност како многу класични изданија од премиум сегментот.
Задната оска на Tesla Model S Signature Performance е управувано од трифазен електромотор со моќност 310 kW (422 КЅ) и максимален вртежен момент од 601 Nm. Забрзувањето од место до 100 километри на час e 4,3 сек, а максималната брзина е 174 km/h. Возилото е со должина од 4.978 милиметри со тежина над два тони – 2.164 килограми. Со едно полнење на акумулаторот може да се минат 483 километри.
Електромобилот Tesla Model S има формула на местата за седење 5+2. Двете детски седишта се преклопува во багажникот, а децата во неа седат со грб кон насоката на движењето. Варијантата со максимално опрема и динамични можности Signature Performance во САД чини 105.000 долари.
Објавено во соработка со Авто Плус.