Тесла подготвува конкурент на BMW X3

Американската компанија Тесла ја официјализира својата намера да пушти на пазарот мал кросовер кој ќе му конкурира на моделот BMW X3.

Според информации од раководството на седиште во Калифорнија, компанијата до 2016 година треба да понуди пет нови модели. Најевтиниот од нив ќе биде седан верзија, која ќе чини околу 30.000 евра, чие производство е планирано за 2015 година. Освен тоа, производителот на електрични автомобили подготвува и нов спортски автомобил, кој ќе го замени моделот Tesla Roadster.

Најважниот модел, сепак ќе биде кросовер чиј развој веќе е започнат. Во основа ќе биде Tesla Model X, кој беше прикажан на почетокот на 2012 година и над кој компанијата работи уште од 2007 година. Се очекува овој модел да биде пуштен на пазарот во 2013 година, а цената ќе биде помеѓу 60.000 и  90.000 евра.

Прочитајте и:  За гасење на запалена батерија од камион Тесла пожарникарите потрошиле 190 илјади литри вода

-Подготвуваме доста изненадувања за нашите клиенти, а меѓу нив ќе има и спортски автомобил, кој ќе ја користи каросеријата на Lotus Elise, открива шефот на Тесла, Елен Мак. Ова ќе биде вистински суперавтомобил и според динамиката и перформансите, а неговата цена ќе биде мошне прифатлива.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -