Администрацијата на САД планира да воведе нови, построги барања при издавање визи на Европејците кои ги посетувале Ирак, Иран, Сирија и Судан во изминатите пет години, пренесоа агенциите.
Иновациите како што соопшти извор во Министерството за национална безбедност, ќе се однесуваат и за туристите кои доаѓаат од Европа, кои се државјани на наведените земји.
Овој потег, според министерството, цели кон тоа да се избегне преминувањето на границата на САД од Европејци, кои би можеле да се поддржувачи на терористичката група “Исламска држава”, која контролира делови од територијата на Ирак и Сирија.