Две десетгодишни деца од Куманово на 21 октомври успеале да влезат во товарен камион и со истиот почнале да се движат по улица.
Едно од децата притиснало на педалот, а 38-годишниот сосед кога забележал дека деца се движат со камионот притрчал со намера да го сопре. Тој ја отворил едната врата, при што удрил во бетонски столб и се повредил.
Итната медицинска помош констатирала тешки телесни и животозагрозувачки повреди, по што човекот е пренесен како итен случај во Клиничкиот центар во Скопје.