Тешка негатива за македонските одбојкарки од Турција

Женската македонска одбојкарска репрезентација започна со неуспех на Медитеранските игри кои се одржуваат во Таранто, Италија. Нашите одбојкарки се соочија со силниот тим на Турција, која важи за една од фаворитките за медалите.

Турција забележа победа со 3:0 во сетови (25:4; 25:16; 25:15).

Македонската репрезентација ќе има шанса за подобар наступ во наредните три натпревари во групната фаза, со мечеви против Косово на 24. август, Грција на 26. август, и Алжир на 27. август.

Утре е предвидено свеченото отворање на Медитеранските игри.