Теророт на лажниот Ролекс

rolex-submariner-date-116613LN-hands-on[1]

Од аспект на инвестиција, купувањето на скап часовник – е лоша. Пред сé, вредноста на повеќето часовници, вклучувајќи ги и речиси сите луксузни марки, со тек на времето – опаѓа. Ако веќе уживате во овој вид акцесоари и планирате да го задржите својот во текот на многу години, марката која е позната по тоа што најдолго ја задржува вредноста, е се разбира, Rolex. Ама кај Ролексот има еден друг проблем – има тонови фалсификати. Ширењето на лажни или делумно вистински Rolex часовници е вистински проблем, особено на пазарот на часовници од втора рака, на кој се продаваат и некои од најпосакуваните модели кај колекционерите, пишува CNN Money.

„На планетава има повеќе лажни часовници Rolex отколку сета друга фалсификувана стока, заедно“, напиша во 2014 година Бенџамин Клајмер – основач на влијателниот сајт за часовници – Hodinkee, кога се појавија сомнежи за лажен часовник кој аукциската куќа Christie’s го продаде за половина милион долари. Бројот на лажни часовници е 100 пати поголем, додава Клајмер, ако ги вклучиме и Ролексите кои на било кој начин биле модифицирани по излегувањето од фабриката.

faro1(1)[1]Пол Алтиери, кој раководи со Bob’s Watches – популарен магазин за Rolex часовници од втора рака, тврди дека секој месец низ раце му минуваат i по неколку фалсификати. „Она што повеќето не го знаат е дека лесно можат да го препознаат фалсификатот од 25 долари, но би имале голем проблем да го препознаат фалсификатот од 400 долари. „Постојат навистина добри фалсификати“, вели тој. „Навистина, навистина, навистина добри фалсификати“. Брзата проверка на Google го потврдува неговото тврдење. На интернет постои голема група на луѓе кои купуваат копии од часовниците како хоби и ги споделуваат своите креации. Намерите на овие ентузијасти речиси секогаш се добри, но тоа само покажува колку е лесно да направиш лажен Rolex и да измамиш некој лаик.

Понекогаш Алтиери е приморан да ги отвара часовниците кои пристигнуваат во неговиот дуќан и да ги анализира со микроскоп, бидејќи е премногу тешко да се каже дали се вистински или лажни. „Фалсификатите што чинат помеѓу 350 и 500 долари се тешко препознатливи, треба да имате остро око. Дури и некои од дилерите грешат кога се работи за поскапите модели (на фалсификати)“. Најголем дел од луѓето што се обидуваат да му продадат лажни часовници обично искрено сметаат дека поседуваат оригинален Rolex. Тоа го сместува Алтиери во непријатна ситуација, кога треба да им ја соопшти лошата вест. Во повеќето случаи, овие луѓе го добиле часовникот како подарок или пак го купиле по цена која е „премногу добра за да биде вистинита“. Од време на време, се случува да има и измамени кои платиле и по илјадници долари.

Real-Fake-Rolex[1]Најдобриот метод да се избегне измама, особено кај новајлиите, е да се купи од сигурни извори, но има и неколку нешта по кои и сами можете да ја проверите оригиналноста на часовникот, во случај на сомнеж. Прво, треба да знаете како изгледа моделот на часовникот кој сакате да го купите и да внимавате на деталите. Има многу такви кои можат да се проверат. Меѓу нив е и логото (на некои фалц Ролекси дури и им недостасува популарната круна); серискиот број; деталите на механизмот (кај фалсификатите, механизмот е неспоредлив со оној на оригиналот); тежината (фалсификатите обично се полесни, бидејќи за изаработка се користат поевтини материјали); транспарентен заден капак (со исклучок на неколку ретки модели од 30-тите години, Rolex не произведува часовници со транспарентни задни капаци); натписи врз задниот капак (со исклучок на моделот Sea Dweller, Rolex не гравира ништо на опачините на своите часовници); звук на кликање (ако се вслушате внимателно и ако слушнете силно кликање во механизмот на часовникот, Ролексот дефинитивно е лажен). Сепак, еден од најважните индикатори е секундарникот: стрелката што ги покажува секундите, кај оригиналниот Ролекс патува глатко, без застанувања на секоја секунда поединечно.

Најважно е да се погледнат нештата во целост, вели Алтиери. Некои навидум оригинални часовници делумно се направени од вистински компоненти. Неодамна, уредникот на Hodinkee налета на таков сомнителен часовник од марката Tudor. Тој напиша цела статија во која го разоткрива фалсификатот, од која главниот заклучок е дека некои од деловите се вистински и оригинални, но генералниот склоп со останатите делови е вистинска катастрофа.

Патем, ве интересира зошто Ролексот е толку скап и како се прави? Погледнете го видеово.

- Реклама -