Терористички напад врз комплексот на турска воздухопловна компанија во Анкара; неколкумина загинати и повредени

Терористички напад денеска беше извршен врз комплексот на националната воздухопловна компанија на Турција „ТУСАШ“ во предградие на Анкара, соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалната мрежа Икс.

– Има неколкумина загинати и повредени, изјави Јерликаја, осудувајќи го нападот.

Точниот број жртви во нападот што се случи во северозападното предградие Кахраманказан засега не е познат.

Според турската приватна телевизија СиЕнЕн-Турк, терористите активирале автомобил-бомба на влезот на комплексот и отвориле оган од огнено оружје. Над областа кружат воени хеликоптери.

Телевизијата ТГРТ извести и за втора експлозија

Медиумите известуваат дека се земени заложници, но и дека во тек се судири помеѓу напаѓачите и безбедносните сили. Засега нема официјална потврда за заложници.

Прочитајте и:  „Вкусот на Турција“ во Скопје

Првично беше слушната експлозија на влезот на комплексот, а потоа се слушнале истрели.

Според телевизијата НТВ, напаѓачите се вооружени со автомати и пиштоли, а можно е да носеле и експлозиви и муниција.

Неколку телевизии прикажаа снимки од видеокамери на кои се гледаат лицата на напаѓачите. Се смета дека најмалку двајца учествувале во нападот – маж и жена, облечени во црна облека. На социјалните мрежи се објавени голем број видеа.

- Реклама -