„Шварценегер сево ова го сфаќа како фитнес тренинг. Човекот има секс пет пати дневно, а може да ги има сите жени кои доаѓаат кај него на повик, вели Том Арнолд.
Имено, Том кој работел со Арнлод Шварценегер во филнот „Вистинските лаги“, од 1994 година, откри дека неговиот колега има неверојатни сексуални потреби, па постојано му доаѓаат жени за време на снимање.
„Тоа е потполно неверојатно. Тој го сфаќа тоа како фитнес тренинг“, вели Том за едно интервју.
Актерот откри дека во куќата на Шварценегер живеат набилдани мажи кои се шетаат без маица, покажувајќи ги своите мускули.
„Се обидува да живее како крал, а штом го паркира својот автомобил пред вратата, тие момчиња едноставно ги снемува“, вели Том.