Чистењето на кадата може да предизвика многу главоболка, доколку редовно не ги одржувате санитариите.
Со овој рецепт се отстрануваат дамките, а процесот е доста забавен. Од бескавата чистота ве делат само две состојки, кои веројатно ги имате во домот.
Половина грејпфут и малку сол.
Грејпфрутот како и лимонот содржи висока содржина на киселини која што го гриза бигорот, додека солта претставува абразивно средство кое ќе ги изгребе нечистотиите од површината од кадата.
Половина грејп ќе ви послужи како „сунѓер“ за чистењето.
Фатете ја половината без да ја вадите кората, а површината на кадата посипете ја со отприлика 50 грама сол. Со нежни движења исчистете ја целата када, а потоа исчистете ја со жешка вода. Покрај чистотата, овој метод ќе ви понуди и прекрасен мирис во тоалетот.