Тер Штеген на прагот на трансфер во Ѓирона

Марк-Андре тер Штеген ќе ја напушти Барселона пред крајот на преодниот рок. Германскиот голман треба да продолжи со активно играње за да задржи место во репрезентацијата за Мундијалот во САД, Мексико и Канада.

Според информации од шпанските медиуми, скоро сè е завршено, а тер Штеген е на пат да се пресели во Џирона. Тој ги прифатил условите, а единствено што останува е клубовите да се усогласат околу деталите на позајмицата.

По доаѓањето на Џоан Гарсија, тер Штеген го изгуби статусот на прв голман и имаше и проблеми со повреди во минатото.

Има уште многу што може да покаже, па логично е да се реши да ја напушти Барса, иако засега привремено. Останува да видиме какви ќе бидат неговите следни чекори на лето.

Фото/ depositphotos