Баш како во насловот, на видеото се гледаат неколку булдожери кои налетуваат едни на други и се удираат, додека патничките автомобили панично го избегнуваат местото на инцидентот, прекриено со облак од прав.
Портпаролот на локалните власти во провинцијата Хебеи, Сју Фенг, во Кина, изјави дека се работи за кавга помеѓу работниците на две градежни компанији, кои конкурирале за добивањето на еден ист градежен проект. Повеќе детали не се наведуваат, а истрагата е во тек.
Инаку, кинескиот градежен сектор е во криза, а годишниот раст кој пред една деценија беше во својот пик, опадна за две-третини.