Теоријата на заговор според која 5Г антените придонесуваат во ширење на коронавирусот е опасна лажна вест и комплетно погрешна, вели Мајкл Гоув – поранешен британски министер за правда, а во периодот од 2017 до 2019 година и министер за животна средина, храна и рурални прашања.
„Тоа е едноставно нонсенс, и тоа опасен нонсенс згора на тоа“, изјави Гоув, откако изминативе денови во Велика Британија беа зaпaлени неколку телекомуникациски антени и персналот на телекомуникациските оператори беше напaднaт во Бирмингем и други градови низ северна Англија, со што се наштетува на телекомуникациската поврзаност во време кога на луѓето им е попотребна од било кога.
Во Бирмингем, конкретно, беше зaпaлена антена на BT.L – најголемата британска телеком компанија, при што беше причинета значителна штета. Антената овозможуваше 2G, 3G и 4G услуги, но не и 5G можности, велат од копанијата.
Медицинскиот директор на NHS (англискиот национален здравствен систем) – Стивен Повис, исто така порача дека теоријата за поврзаноста на 5G мрежата со коронавирусот е лажна вест со никаква научна основа, потенцирајќи дека истата го доведува во ризик итниот одговор на службите против епидемијата на Ковид-19.
„Таа 5G приказна е комплетна и најголема глупост, нонсенс, најлошиот вид на лажна вест. Реалноста е дека мобилните мрежи се од апсолутно критично значење за сите нас.
Тоа се исто така телефонските мрежи кои ги користат нашите итни служби и нашите здравствени работници и јас сум апсолутно беceн, апсолутно згpoзен што луѓе би ја нaпaднале самата инфраструктура која ни е потребна за борба против оваа здравствена кpиза“, порача Повис.
Vodafone – кој е дел од лоби групата на повеќе британски мобилни оператори и втор најголем во светот, ги оцени нaпaдите како прашање од национална безбедност:
„За неверување е дека некои луѓе би сакале да ги оштетат самите мрежи кои овозможуваат суштински потребна конективност меѓу итните служби, здравствениот систем и остатокот од земјата во овој тежок период на карантин“, вели Ник Џефри – главен извршен директор на Vodafone UK.
Тој ја пофали брзата реакција на своите инженери и ги нарече херои, истовремено упатувајќи апел до јавноста да не се шират „крајно непоткрепени“ приказни на интернет.