Последното издание на Miss Bum Bum – бразилскиот избор за најубав женски задник, ќе помине запаметен по хаотичните сцени, како онаа кога второпласираната девојка ѝ ја грабна лентата на победничката.
Победи 31-годишната Елен Сантана, но 27-годишната Алине Ува не баш најдобро го поднесе поразот. Ува, чиј задник со обем од 110 см е за 5 см поголем од тој на победничката, својата постапка ја правдаше со ставот дека намерно ја саботирале, а дека единствено таа ја заслужува победата затоа што ниту една друга од финалистките не била „100% природна“ како неа, т.е. дека сите други девојки своите задници ги обликувале хируршки и со силикон.
„Ја зграбив лентата бидејќи единствено јас претставувам вистински бразилски задник, и тоа никој не може да ми го одземе. Трите девојки кои добија најмногу гласови имаат вештачки задници од силикон. Тоа е неправедно“, изјави Ува за новинарите.
„Можеби ми ја зема лентата, но не може да ми ја земе титулата. Напорно работев за ова и го заслужувам, бидејќи мојот задник е најцврст од сите. За да победите мора да знаете да губите, а ако јас бев поразена, тоа ќе беше достоинствено, а не како што таа се однесува“, врати победничката Сантана. Таа додаде дека би сакала да биде инспирација за жените од целиот свет, бидејќи нејзиниот пример покажува дека можат да остварат сé што ќе посакаат…
Третото место ѝ припадна на трансродовата Паула Оливерира, која пред 6 години го променила полот. Останатите натпреварувачки негодуваа и бараа да биде исклучена од изборот, бидејќи треба да се натпреваруваат само тие што се родени како жени…
Ако ништо друго, догодина нема да има вакви скандали, затоа што нема да има ни Miss Bum Bum во Бразил. Ова беше последниот таков натпревар во земјата, а останува да го чекаме светското во Москва идната година.