Тенди Њутон за сексуалното злоставување во Холивуд: Ме тераа да ги ширам нозете

thandie-newton-2012-premiere-05 (1)

Тенди Њутон во интервју за CNN открила дека на почетоците од нејзината кариера доживеала сексуално злоставување од неименуван режисер.

„Бев во соба со маж и со жена, двајцата режисери. Мажот побара од мене да седам со раширени нозе, а камерата ја постави така што ќе снима под моето здолниште. Ми рекоа да се допирам и да го замислувам ликот во кој сум заљубена“, раскажала глумицата.

Убедувајќи се себеси дека тоа е сосема нормална работа во Холивуд, Тенди доживеала шок кога дознала дека режисерот ги покажувал нејзините фотографии на разни забави на кои присуствувал.

Пред овој случај, 40-годишната глумица се соочила со слично искуство и на 16 години.

„Бев присилена да правам работи кои не сакав и не требаше да ги направам. Се чусвтвував одвратно“, додала Тенди.

Пред 15 години ѕвездата од филмовите „Невозможна мисија“ и „2012“ се омажи со режисерот Оливер Паркер со кој има две ќерки, Рипли и Нико.

- Реклама -